Претседателот на Словенија, Борут Пахор, со дволична дипломатија, ги убедува граѓаните за "европска" Македонија, а од партнерите во Европската Унија бара да нема нови членки

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 10:08

Политичарот кој не го сака Западен Балкан во ЕУ, повика да гласаме за европска Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Борут Пахор, само пред неколку дена јасно и стави на Европската Комисија, Европската Унија и Европскиот Парламент дека Словенија ќе стави вето при обидот било која земја од Западен Балкан да стане идна, нова членка.

Мислејќи дека неговата изјава се заборави претседателот на Словенија повика Македонија да има успешен референдум за промена на името за да може Северна да е членка на ЕУ?

Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот.

Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО. – вели Пахор во видео пораката.

Тој на македонските граѓани им порачува дека “на овој свет ништо не е идеално, вклучувајќи го и овој договор, затоа разбирам дека има дискусии и мерења за тоа кој е во право, а кој не”.

Во Словенија исто така минавме низ тешка одлука и се најдовме на историски важна раскрсница, да им дадеме предност на храбрите одлуки, на зрелите одлуки, одлуки со кои и отворивме врата на иднината и не ни е жал за тоа, наведува шефот на словенечката држава во видео пораката до македонските граѓани во пресрет на референдумот.

Пахор кога не агитира со што се меша во внатрешните работи на друга држава, има сосема друг став за проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, што би се случило за најмалку 50 години.

Словенија против приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести