Полицијата губи контрола, униформирано службено лице ги тргнало барикадите пред Собранието и ги "поканил" демонстрантите ако имаат храброст да влезат внатре во објектот

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 9:17

Полицаец ги провоцирал демонстрантите да влезат во Собранието

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

За време на синоќешниот протест пред Собранието спречен е поголем инцидент.

Имено, како што дознава ТВ 21 од свои извори, полицаец кој бил распореден пред законодавниот дом, во еден момент ги тргнал полициските барикади и им рекол на демонстрантите, доколку имаат храброст да влезат внатре, а не да протестираат неколку метри од зградата.

За среќа, неколку негови колеги го забележале тоа, навреме реагирале и спречиле поголем инцидент.

Полицаецот со иницијали Д.С, веднаш бил приведен и заедно неговите колеги, кои биле сведоци на настанот имале информативен разговор во секторот за внатрешна контрола.

На полицаецот му се однеземи службениот пиштол и значката, а против него е покрената дисциплинска постапка и ќе биде суспендиран.

За целиот случај информирано било и Јавното обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.