Преку едно седиште треба да има патници и да се проветрува, а не под клима и полн автобус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 август, 2020 19:32

Полн автобус од Охрид за Скопје: Сите патници се вознемирени и сакаме да се преземат мерки!

Фото/Текст извор: ©Слободен печат

Охрид – Скопје со Македонија Сообраќај. Ништо не е по протокол, ни по закон, пишува граѓанин кој утрово се враќал во главниот град со автобуски превоз, објави Слободен Печат.

– Автобусот преполн, дури и еден човек има што стои. Под овие услови во кои што ние сме сега во моментов како ќе се заштитие од Ковид-19, ниту еден прозор нема, ниту вратата барем да се отвора да се проветрува, наместо тоа клима! Преку едно седиште треба да има патници и да се проветрува, а не под клима и полн автобус. Сите патници се вознемирени и сакаме да се преземат мерки и да не се повтори вакво нешто и со наредни други патници, стори во реакцијата на вознемирениот граѓанин.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.