Поповска отворено го прашува градоначалникот на Гази Баба кој сече зеленило околу Железара дали го има прочитано законот за зеленило

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 7:16

Поповска од ДОМ во отворен конфликт со градоначалникот на Гази Баба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лилјана Поповска се разбуди од хибернација и конечно го прочита Статутот на сопствената партија, па отвори фронт со градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски кој деновиве сечи дрвја и зелена површина околу објектот на Железара.

Имено поо реакциите на граѓани од општина Гази Баба поради сечата на стари дрва во Железара, заради изградба на паркинг, ДОМ јавно го прашува градоначалникот на таа општина:

Прво, дали го прочитал законот за зеленило? Претпоставуваме не, инаку би знаел дека со закон е забрането сечење на капитални примероци, какви што се оние 40-годишни дрва што ги исекол. Законот пропишува и прецизна процедура за било какво сечење дрва, која очигледно не е испочитувана.

Второ, дали ги видел монтажните паркинзи во Капиштец и Аеродром, на пример? Претпоставуваме не, инаку би знаел дека на евтин, брз и еколошки незагрозувачки начин го удвојуваат бројот на места за паркирање.

Трето, дали знае колку се скапоцени тие дрва токму за Железара, која со денови се гуши од „недефинирано“ загадување на воздухот? Претпоставуваме дека не е свесен, инаку не би го направил тоа. – реагира ДОМ.

ДОМ бара од градоначалникот на Гази Баба да се информира за законите, процедурите и значењето на урбаното зеленило! Наместо да го уништува, бараме да го зачува и зголеми, зашто Скопје е далеку од стандардот на 25 м2 зеленило, зацртано во Законот.

Градоначалниокот Георгиевски е познат по скандалот со фалсификување документ за Љ. Ахмет, со што тој го прекршил законот и извршил кривично дело од чл.379 ст.1, од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, за што му била поднесена и соодветна кривична пријава. Лицето за кое Георгиевски фалсификувал документ е дел од полициската евиденција и се терети за трговија со дрога, физички инциденти и насилство. 

Воедно на истите избори во 2017-та година неговиот брат, Бранко Георгиевски, е избран за советник во Град Скопје од СДСМ, а на неговата сопруга и ветиле директорско место во едно од училиштата во Гази Баба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.