Трагефија на познатиот спортски работник

Објавил: Узунов Бобан | 19 јуни, 2019 14:21

Поранешен македонски кошаркарски селектор тешко повреден во сообраќајка

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот селектор и актуелен тренер на кошакратите на Гостивар, Марјан Србиноски, се наоѓа во болницата во Тетово откако заработил тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово, пренесе Спортмедиа.

– „На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, соопштија од МВР.

Марјан Србиновски својата професионална кариера ја започнал во КК Гостивар во 1993 година. Во 1994 година, Србиновски се преселил во МЗТ Аеродром. Со МЗТ, Марјан Србиновски го освоил Купот на Македонија 1996. За сезоната 1996/97, Србиновски се вратил во матичниот клуб Никол Ферт. Следната сезона играл во велешки Жито Вардар. Во сезоната 1998/99 година, тој потпишал за Годел Работнички, со кој за пр впат, Србиновски го освоил домашното Првенство. Следната сезона Србиновски заедно со Работнички биле вицепрваци во Првенството, губејќи токму од Никол Ферт. Сезоната 2000/01, Србиновски се вратил во МЗТ Аеродром, со кој станале вицепрваци во Лигата. Сезоната 2001/02 повторно бил вицепрвак, овојпат со Куманово, повторно губејќи од Работнички. Следната сезоната играл во Здравље од Лесковац. Во сезоната 2004/05 се вратил во Македонија, овој пат во Фаворити. Следната сезона играл во кошаркарскиот клуб Тоа Сум Јас. Во сезоната 2006/07, Србиновски се вратил во редовите на Фершпед Работнички, со кој повторно станал вицепрвак, губејќи од Струмица 2005.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.