Молкот на германската канцеларка Меркел за сопствените, внатрешни проблеми во Германија, ќе ја исфрли нејзината партија од можна победа на следни избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 11:40

Последици од Хемниц: Германската десница политичка сила во земјата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската десничарска партија, Алтернатива за Германија (АфД) стана втора политичка сила во земјата преземајќи ја позицијата од социјал-демократската партија (СПД).

Тоа го потврдуваат резултатите на најновите анкети спроведени во Германија. Растот на популарноста на АфД доѓа само неколку денови по насилните конфликти меѓу приврзаници на левите и на десните партии во градот Хемниц.

Ројтерс пренесува дека на вакви конфликти, Германија не сведочела со децении.

Според резултатите од анкетата на ИНСА, АфД моментално има поддршка од 17%, додека СПД падна на 16%. Владејачкиот конзервативен блок на Ангела Меркел и натаму е во водство со поддршка од 28,5%.

Меркел веќе со денови молчи за случувањата во Хемниц, а во јавноста доаѓаат само изјавите од нејзиниот портпарол.

Од кабинетот на канцеларката наведуваат дека Меркел планира посета на Хемниц, но се уште не се прецизира датумот на евентуалната посета. Се шпекулира дека таа стравува дека таму ќе ја пречекаат илјадници демонстранти, што дополнително би ја ослабнало нејзината слаба политичка позиција.

Но, Хемниц, секако, има и друга страна.

Синоќа во градот се одржа рок концерт насловен „Против ксенофобијата“, на кој настапија мнозинство лево-ориентирани музички групи, а беше посетен од околу 65 илјади граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести