Премиерот Заев ја прифати поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2019 19:40

После средбата со Пендаровски, Заев го испи кафето и со Црвенковски!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој на оваа средба дојде во својство на член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.

Владината прес-служба соопшти дека за време на средбата, поранешниот претседател Бранко Црвенковски го информираше премиерот Зоран Заев за иницијативата Подгорочкиот клуб, да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни, оваа година.

Целта на оваа конференција, како што на средбата истакна Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев ја прифати поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот.

Со 29 години, тој бил најмладиот премиер во Европа во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија.

Бранко Црвенковски е македонски политичар од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и поранешен претседател и премиер на државата. Во текот на својата политичка кариера бил премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.

Во април 1991 година Црвенковски бил избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.

На 5 септември 1992, тој станал вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија.

Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.
Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по изборите во декември во 1994 година. Во периодот 1994-1998 Македонија успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации (ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со ММФ и Светска Банка. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.