Промени во единствената македонска општина Пустец во Албанија

Објавил: Узунов Бобан | 1 јули, 2019 8:46

После три мандати на Едмонд Темелко, Пали Колефски е новиот градначалник на Македонците од Пустец

Фото/Текст извор: ©магазин

На локаланите збори што во Албанија кои се одржаа 30 јуни, во трката за градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа,ќе учествува и Пали Колефски.

Пали Колефски единствениот градоначалник Македонец во Албанија

Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и вработен во Царинската испостава во Корча и на последните локални избори беше кандидат кандидат на владеачката Социјалистика партија, која ја предводи изброната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ во која учествуваат 24 политички партии.

За тоа каков ќе биде соодносот на членови во новиот состав на Советот на општината ќе се знае денес. Кандидатски листи имаа МАЕИ,која на овие избори настапи самостојно и само во оваа општина и коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија. Советот брои 13 членови.

Против кандидат му беше актуелниот градоначалник Едмонд Темелко, како кандидат на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Едмонд Темелко е роден во Пустец, по занимање е дипломиран ветеринар. Првпат за градоначалник е избран 2007, вторпат 2011 и третпат 2015 годна. Тој е и лидер на МАЕИ. Во јуни 2017 година по трет пат ја доби довербата на жителите на општина Пустец и тоа со над 80 отсто од гласовите. За него гласаа 2.076,додека за неговиот против кандидат Михалаќ Апостоловски, од Демократската партија, 488 гласачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.