Едно лице зарази над една третина од вкупно 1.300 работници во Тема, град на 25 километри источно од главниот град Акра, рече претседателот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 мај, 2020 18:58

ПОСТАВЕН СВЕТСКИ РЕКОРД: Еве како еден човек успеа да зарази 533 лица со вирусот „Ковид 19“!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Маж заразен со ковид 19 успеа да зарази 533 лица во фабрика за преработка на риби во Гана, рече претседателот Нана Акуфо Адо, пренесуваат медиумите.

Едно лице зарази над една третина од вкупно 1.300 работници во Тема, град на 25 километри источно од главниот град Акра, рече претседателот.

Новите 533 случаи во таа фабрика сочинуваат повеќе од половина од ново заразените во Гана, додаде Акуфо-Адо.

Во Гана, коронавирусот е потврден кај 4.700 луѓе досега, регистрирани се 22 смртни случаи, додека закрепнати се 494 лица, рече тој.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести наведува во извештај за проценка на ризикот дека земјите-членки на ЕУ треба да работат на подготовки за можен втор бран на епидемијата Ковид-19.

Центарот повикува на зајакнат систем на контрола, а Европската комисија ја истакнува важноста на комуникацијата со граѓаните за можните ризици.

„Комисијата работи со Центарот за контрола и превенција на болести и со земјите-членки за да обезбеди доволно комуникација, бидејќи клучно е граѓаните да разберат дека можни се нови бранови на инфекција иако почетната е успешно решена“, рече портпаролот на Комисијата, Стрефан де Керсмејкер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...