Затвореникот и претходно се жалел дека има проблеми со срцето, но наводно не добил соодветна лекарска нега.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2019 7:20

Почина затвореник во „Идризово“ кој беше осуден за убиство!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Скопјанецот Џенгис Џемаил(54), кој беше осуден на 13 години затвор за убиство, починал денеска од срцев удар во затворот „Идризово“, дознава Досие.мк. Затвореникот починал додека бил на прошетка.

Џенгис Џемаил беше осуден за убиство на Амел Зверотиќ, кого го застрелал во приколка кај езерото Треска во 2006 година, за долг од 100.000 евра.

Џемаил беше првично осуден во отсуство на казна затвор од 20 години, но по апсењето пред неколку години повторно му се судеше. Тогаш тој доби 13 години затвор, а казната му беше потврдена пред неколку дена во Аплецискиот суд, по што од затворот во Шутка бил пренесен во „Идризово“. Затвореникот и претходно се жалел дека има големи проблеми со срцето, но наводно во затворот не добил потребна лекарска нега.

Во Македонија постојат повеќе затвори, односно казнено-поправни домови (КПД), како што се нарекуваат во официјалната терминологија, чиј вкупен капацитет изнесува 2.026 лица во затворскиот дел и 450 во притворските одделенија.

Според големината, најголем затвор е КПД Идризово чиј капацитет изнесува 1.094 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...