Мите Грозданов ќе остане запаметен на Македонската јавност како еден од најценетите и најдобрите глумци во Македонија.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2018 8:51

Почина Мите Грозданов еден од најпознатите глумци во Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На 25 ноември, 2018 година, почина еден од најпознатите глумци на македонското глумиште, Мите Грозданов.
Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година.

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.
Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура,Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
 

Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.

Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата “Стрниште затвор за жени”, во која што главната улога ја игра актерката Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска. Во својот живот има освојувано безброј награди.

Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога.
Награда „Млад Борец“
Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
1984 година бил прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“.

На Македонската јавност ќе остане запаметен како еден од најголемите и најценетите глумци во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести