На повредите утринава им подлегна 49-годишниот А.П. кој беше пренесен во болница веднаш после настанот

Објавил: Данаил Михајловски | 29 септември, 2018 11:35

Почина уште едно лице од синоќешната престрелка среде Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако со тешки повреди од огнено оружје кои ги здоби во огнената престрелка синоќа на „Рузвелтова“ во Скопје беше пренесено во болница, повреденото лице утрово им подлегна на раните.

На повредите утринава им подлегна 49-годишниот А.П. кој беше пренесен во болница веднаш после настанот. На лице место почина Н.А. (44).

19-годишниот Ф.Е. и натаму е во болница, и неговата состојба е критична.

МВР работи на расчистување на случајот.

Фото: миа

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.