ПОЧНАА ДА РАБОТАТ СЕМАФОРИТЕ КАЈ „РЕПЛЕК“ ВО КОЗЛЕ!
Семафорите на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле денеска се целосно ставени во функција.
Новата светлосна сигнализација на крстосницата на улицата Васил Чакаларов со улицата Ванчо Мицков беше поставена пред неколку месеци, а семафорите работеа пробно, на трепкаво жолто светло.
Денеска, екипите на ЈП „Улици и патишта“ кои ја одржуваат светлосната сигнализација на градските раскрсници ја пуштија во функција оваа семафоризирана крстосница.
Овие семафори се поставени на барање на околните жители, а по налог на Град Скопје. Целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, за сите учесници.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.