Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2020 17:53

Почна 61-часовниот викенд карантин во државата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk извор МИА

Во 16 часот денеска почна забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.

Дежурните аптеки ќе работат непречено, а продавниците, маркетите и рестораните ќе примаат нарачки и ќе вршат достава на своите производи. Маркетите кои немаат соодветна дозвола за работа за време на полицискиот час, ќе бидат санкционирани.

Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, Државниот пазарен инспекторат за време на полицискиот час ќе врши проверка на дежурните маркети дали ги имаат овие дозволи.

– Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани. За сите угостителски објекти на кои е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, најпрво се доставуваат платни налози за глоба, па доколку не се платат во определениот рок, тогаш се упатуваат на суд, нагласи Пауновски.

Доставата на неопходните продукти на граѓаните ќе ја вршат лицата волонтери до самите домови на граѓаните.

Полицискиот час, како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, ќе важи и за време на претстојните верски празници.

– Знам дека е тешко и доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој мора сите со почитување на мерките да инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје. И за време на верските празници кои се пред нас, ќе важи целосна рестрикција во движењето, изјави Филипче.

Државата е во фаза кога воведените мерки се најстроги. Сепак, животот повторно ќе се врати во нормала кога за тоа ќе се создадат услови. Како што појасни министерот Филипче, се прават планови за оваа насока.

– Се подготвуваме за периодот за целосно враќање во нормала тогаш кога ќе бидат исполнети условите за тоа. Но, нема да може така лесно целокупниот работен процес и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го предвид искуството на некои други земји, како и предвидувањата дека секогаш постои ризик за втор пик на дијагностицирани пациенти, рече Филипче.

Вели дека ова се сериозни мерки за рестрикција, меѓутоа крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните и верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека секој гледано низ призма на својот професионален и личен капацитет треба да се заложи максимално до сите до коишто допира – граѓани или групи граѓани. Според него, мерките мора да се почитуваат и сите граѓани треба да се придржуваат до нив.

Министерството за внатрешни работи, пак, како што најави дополнителната министерка Славјанка Петровска е целосно подготвено да одговори на задачите за време на продолжениот викенд полициски час.

(МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести