Годинава на Галичката свадба зет и невеста, ќе бидат Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска, кој пред насобраниот народ ќе изведат повеќе од 30 обичаи и ќе го кажат судбоносното ДА, во недела, 14 јули, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.  Својата љубов младенците ќе ја крунисаат низ сите обичаи кои ги наложува Галичката Свадба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2019 10:51

Почнува Галичка свадба- Ова се младенците кои ќе ја крунисаат љубовта со повеќе од 30 обичаи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ ќе започне вечерва во 19:30 часот со изведување на првите свадбени обичаи. Во куќата на зетот ќе се накити бајракот, а потоа со три истрели ќе се означи почетокот еден своевиден фестивал на мијачкиот фолклор.

Годинава на Галичката свадба зет и невеста, ќе бидат Огнен Караѓозовски, по потекло галичанец и Марина Петровска, кој пред насобраниот народ ќе изведат повеќе од 30 обичаи и ќе го кажат судбоносното ДА, во недела, 14 јули, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.  Својата љубов младенците ќе ја крунисаат низ сите обичаи кои ги наложува Галичката Свадба.

Со речиси триесетина обичаи Марина и Огнен ќе го одбележат својот незаборавен ден: одење по вода, изведување на ората Невестинско, Тешкото, бричење на зетот се само дел од нив.

Секоја година за време на Галичката свадба, се почитуваат голем број на обичаи кои ја карактеризираат оваа свадба

Традционалните ора и игри ќе бидат задолжение на триесетина членови на КУД „Фолклорни бисери“. Видео пренос од целиот настан ќе има над 12 часови. Програмата, освен на голем лед екран поставен на платото, ќе може да се следи и преку интернет и други телевизиски платформи.

Инаку парот беше избран од Месната заедница Галичник, а покровител на годинешната „Галичка свадба“ е претседателот Стево Пендаровски, кој по татко е галичанец.

Галичката свадба или Петровденската Галичка свадва — манифестација која се одржува секоја година на Петровден(12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.