Затворен избирачкиот список на кој има вкупно 1.806.336 избирачи, со што за успешен референдум е потребна излезеност од 903.169 граѓани на Македонија со право на глас

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 7:18

Почнува референдумската кампања, волшебната бројка е 903.169 гласови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучен избирачкиот список – цензусот изнесува 903.169 гласови.

Државната изборна комисија го заклучила викендов избирачкиот список за престојниот референдум.

Право на глас на 30 септември имаат вкупно 1.806.336 избирачи.

Според тоа, за да се постигне предвидениот цензус од 50 проценти плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи.

На последните избори во земјава – локалните во во 2017 година, на гласање, во првиот круг, излегоа 1.079.876 избирачи од вкупно 1.814.644 регистрирани во избирачкиот список.

Тоа значеше одѕив од 59,5 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.