Причината поради која нема да се печати весникот е поради извесен долг кон печатницата што го печати.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 15:59

По две години згаснува „Независен весник“?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дневниот весник „Независен весник“ утре нема да се печати. По речиси две години постоење, протече информацијата дека нема да се печати весникот но се уште нема детални информации за тоа дали и официјалното ќе згасне медиумот бидејќи новинарите не добиле прецизна информација.

Денеска објавеното 550.печатено издание на „Независен весник“ е веројатно последниот број на дневниот весник кој започна со работа во ноември 2017 година.

Причината поради која нема да се печати весникот е поради извесен долг кон печатницата што го печати.

Весникот Независен е во сопственост на странски, конкретно грчки инвеститор во земјава.

По објавата на веста, со реакција се јави и ЗНМ.

„Секое згаснување на еден медиум е тажна вест за опшеството. Особено за медиум кој се придржуваше до стандардите. Весникот е се уште од оние традиционални медиуми кои наспроти онлајн медиумите, кои се повеќе бегаат од основниот принцип на новинарството, ги одржуваа професионалните стандарди. Годинава имаме два удара, прво затворањето на 1ТВ, а сега и „Независен весник“, што ќе се одрази на социо-економската положба на новинарите и се обезвреднува пазарот на трудот“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Чадиковски потенцираше дека Здружението на новинарите во наредниот период ќе направи напори во рамките на своите ингеренции, со релевантни институции, да разговара за да се спаси весникот и да продолжи како и досега со работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.