По летниот "распуст" пратениците во подготовки од кои најбитни се оние за Референдумот за промена на името за 30-ти септември

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 9:12

Пратениците денес се враќаат во Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратениците по летниот одмор денес започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието. На собраниската интеренет страница веќе се најавени активностите до крајот на месецот. 

Во текот на оваа недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот но и тоа дали Собранието како овластен предлагач со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.

За утре е закажана седница на Комисија за економски прашања а за 29 август 58-мата пленарна седница. До средината на неделата се очекува и првата координативна средба на  Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата 2017 година.

Засега за 58-мата собраниска седница на дневен ред се ставени 19 точки главно измени на закони во прво читање.

На последната средба со новинарите на 31 јули Џафери кажа дека после одморите треба да се очекува Собранието да ги избере членовите на неколку второстепени комисии кои останаа без своите први луѓе по нивното разрешување но исто така да биде избран и директор на ОТА.

Во септември пак се очекува да финализираат измени на Деловникот на Собранието на Република Македонија на средба во рамки на Жан Моне процесот на која треба да присуствуваат и тројцата европратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.