Адмие: На 30 септемри граѓаните без оглед на нивната национална, партиска, религиозна припадност имаат шанса да станат дел од историјата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2018 17:19

Пратениците од власта порачаа: Референдумот е најмоќната алатка на демократијата!

Фото/Текст извор: ©излези.мк

Референдумот е највозвишена вредност, највисок и најмоќен облик на непосредна демократија што го имаат граѓаните. Затоа на 30 септември масовно да излезат на гласање и да го кажат својот став во кој правец сакаат да се движи Македонија, порачаа денес пратениците Ивана Туфегџиќ, Бојан Петрески и Џевад Адеми од коалицијата ЗА европска Македонија, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата – 15 Септември.

„Ја имаме историска шанса на 30 септември секој од нас да издвои по 30 минути и да направи Македонија да стане 30-та членка на најголемата и најмоќната одбранбена Алијанса-НАТО”, рече пратеникот Џевад Адеми од ДУИ.

На 30 септември граѓаните без оглед на нивната национална, партиска, религиозна припадност имаат шанса да станат дел од историјата.

„Македонија никогаш не била поблиску до остварувањето на идеалите на многу генерации пред нас. Нам ни падна историската шанса да бидеме дел од остварувањето на овој идеал”, рече Адеми.

Ивана Туфегџиќ од СДМС, иако освоија помалце гласови сепак под притисок од странските дипломати постанаа мнозинство. Но дали граѓаните ќе ја гласаа ако таа пред изборите кажеше дека ќе се залага за промена на името?

Пратеничката од власта Туфегџиќ додаде дека референдумот е највисокиот и најмоќниот облик на непосредна демократија кој го има граѓанинот и оти тоа е моментот кога тој како суверен одлучува.

„Одлуката донесена на референдум и гласот искажан на референдум се конечни. Овојпат нашата одлука е во кој правец ќе оди Република Македонија – во правец на просперитетната сегашност и иднина или по патот на изолацијата”, рече Туфегџиќ.

Туфегџиќ смета дека одлуката за иднината на Македонија не е само за нас самите, туку и за генерациите по нас.

„Носиме одлука за оние кои денес немаат право на глас, но токму тие ќе ценат и пред нив ќе полагаме сметка за нашиот избор денес. Затоа да ја избереме иднината во која младите луѓе ќе бидат еднакви со нивните врсници од ЕУ. Имаме должност да оставиме држава која ќе нуди сегашност и иднина и со тоа со одлука донесена на референдум. Таквата шанса немаме право да ја прокоцкаме, никој друг нема да го избере нашиот пат освен ние самите”, рече Туфегџиќ

Пратеникот Бојан Петрески рече дека како младина сме исправени пред историски предизвик, бидејќи, како што рече, Македонија е на крстопат.

„Го сфаќам референдумот како дилема дали ќе си обезбедиме иднина за нашата генерација во друштво на најголемите европски и светски демократии или ќе останеме сами и изолирани”, изјави Петрески. 

Тој ги повика младите да излезат да гласаат и да не ја направат грешката што ја направиле младите во Велика Британија кога оставиле одлуката за брегзитот да ја донесат други наместо нив. 

Таму младите, рече, ја направија таа грешка, не излегоа масовно за брегзит, други одлучија за нив. Сега кога сфатија дека повозрасните донесоа погрешна одлука е доцна.

Пратениците не кажаа зошто се одлучија да прават кампања за промена на уставното име Република Македонија, Пратениците не кажаа во која програма и кога тие им објасниле на граѓаните дека ќе бидат избрани за да го менуваат уставното име на република Македонија.

И покрај се според  нашите информации ако Референдумот не се фалшира , тогаш веќе сега се знае дека 70% од Македонците не го поддржуваат своето укинување како нација. Пратениците кои неуставно се прогласија за мнозинство доправа ќе мора да одговараат за настаните од 27 Април 2017, кога насилно беше избран Талал Џафери за претседател на собранието по што народот кои протестираше повеќе од два месеци беше испровоциран да влезе в Собранието

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести