Договорот помеѓу Владимит Путин и Реџеп Таип Ердоган за прогласување на демилитизирана зона во Идлиб, пат до конечна победа на силите на Асад за крај на војната во Сирија

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 6:54

Прекинот на огнот во Идлиб е привремен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Русија и Турција минатиот месец постигнаа договор за создавање на демилитаризирана зона од 9-12 милји во Идлиб меѓу сириските сили и милитантите концентрирани во регионот.

Договорот беше постигнат во обид да избегнат непотребно крвопролевање и можна забрана на Запад.

Руско-турскиот договор за спречување офанзива на сириските трупи за ослободување на Идлиб е привремен, но служи за да се спречи крвопролевање. – рече сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Дамаск, како што истакна Асад, не се откажал од својата цел за враќање на контролата над цела Сирија. Осврнувајќи се на отпорот од Западот и на заканите против сириската офанзива во Идлиб. Според него ваквите приговори се хистерични, додавајќи дека победата на сириската армија ќе ги спречи агресивните планови на Западот за поделба на Сирија.

Сирија, според Ал-Асад, сега влегува во нова битка за рехабилитација на оние елементи на сириското општество кои соработувале или на друг начин го поддржувале хаосот и тероризмот.

Во последниве месеци, со руска помош, сириската влада постигна голем број договори за помирување со поранешните милитанти кои не биле џихадисти во замена полагање на оружјето и прифаќање на сириската цивилна администрација.

Во понеделникот, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Вершинин, изјави дека границите на демилитаризираната зона меѓу сириските сили и милитантите во Идлиб се решени и дека руските и турските воени сили воспоставиле многу добри контакти, соработка и врски еден со друг.

Демилитаризираната зона на Идлиб, договорена помеѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Сочи на 17 септември, се очекува да биде целосно воспоставена до 15 октомври.

Анкара вети дека ќе помогне за потиснување на терористичките групи концентрирани во Идлиб надвор од регионот. Минатата недела турските медиуми објавија дека џихадистите од Фронтот Ал Нусра под притисок на турската разузнавачка служба се согласиле да се растурат, да ги повлечат своите сили од демилитаризираната зона на Идлиб и да ја модифицираат нивната идеологија .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести