Заев е во посета на Рим на покана од Конте, кој по состанокот на Европскиот совет во Брисел на кој беше одложена одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија, најави дека ќе побара повторно отворање на прашањето за проширување на ЕУ во ноември.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 октомври, 2019 9:47

Премиерот Заев во Брисел на проштална вечера со Могерини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска во Рим ќе има средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по што ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Во Јуни 2018та Заев во интервју за Дојче Веле изјави: “Добивме чист датум за преговори – јуни 2019. Ова е историска одлука за Македонија. Дотогаш, заедно со нашите партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ“. Претходно Заев, Бујар, Димитров и Анѓушев објавија и селфи-фотографија на која со насмевки и лајк го прославија добивањето на датум за преговори со ЕУ. Сега испаѓа дека тоа било само “fake news”.

Заев е во посета на Рим на покана од Конте, кој по состанокот на Европскиот совет во Брисел на кој беше одложена одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија, најави дека ќе побара повторно отворање на прашањето за проширување на ЕУ во ноември.

Заев минатата недела во ТВ интервју потврди дека со Конте ќе разговараат за проширувањето што треба да биде тема на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), најавен за 19 ноември.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, по состанокот на европските лидери во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка. Најави дека ќе побара да се поправи грешката и повторно да разговара за датумот за преговори со Северна Македонија и за Албанија веќе во ноември.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.