Тројца од обвинети изјавија дека биле организирани од обвинетиот Александар Василевски-Нинџа кој пак примал директни наредби од поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и началникот во Управата, бегалецот Никола Бошковски.

Објавил: Едмонд Бекири | 4 декември, 2018 19:27

Пресврт на судењето од 27 Април. УБК главен организатор или пак ефтино алиби за Сашо Мијалков?

Фото/Текст извор: ©архива / магазин

Пресврт во настаните од дваесет и седми април, или пак  почеток на заменување на улогите, знаејќи дека за недела две доаѓа нов амбасадор (ка) во Република Македонија од јужната република.  Всушност по  повеќе од три месеци од судењето за настаните од „27 април“ вчера во Кривичниот суд првпат беше посочено дека Управата за безбедност и контраразузнавање е организатор на упадот во Собранието на РМ.

Тројца од обвинети изјавија дека биле организирани од обвинетиот Александар Василевски-Нинџа кој пак примал директни наредби од поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и началникот во Управата, бегалецот Никола Бошковски.

Обвинетите во речиси идентични искази ги објаснија дејствувањата на групите кои биле организирани и пред настаните од 27 април, како што е протестот пред ДИК и рекоа дека биле изиграни од УБК врз основ на нивните патриотските чувства дека се работи за опстанокот на Македонија, а со цел да се заштитат одредени луѓе на власта.

Додека јавноста подзаборави на третиот директор на УБК за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата за крвавиот четврток повторно го ставија под лупа. Сведокот Захарие Симовски изнесувајќи ја својата одбрана за обвинението за кое се товари призна дека бил дел од настаните од 27 април но по наредба на како што кажа на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.

Атанасовски има само 34 години а на функцијата дојде во септември 2016 а го наследи неприкосновениот Сашо Мијалков кој во мај 2015 си поднесе оставка по девет години управување. Атанасовски ќе остане запаметен по историското „отвори, отвори“ на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која не и дозволуваше да влезе во тајната полиција и да земе податоци од системите за прислушување. За Атанасовски нема многу податоци во медиумите, иако имаше висока позиција во борбата со криминалот, перење пари и финансирање на тероризам. Речиси не се појавуваше во јавноста, ниту пак обелодени дека води истрага за некој случај. Првото работно место тој го доби во 2008 година во Управата за спречување перење пари. Тогаш имаше 26 години а има завршено Економски факултет во Скопје. Пред да стане директор беше советник во Одделението за меѓународна соработка. Досега името на Владимир Атанасовски не се спомнуваше, ниту пак се најде меѓу обвинетите за инцидентите од крвавиот четврток а според последните искази на сведочењата на дел од обвинетите работите би можеле да се променат. Ване Цветанов, кој е поранешен директор на Управата за спречување перење пари на социјалните мрежи напиша дека добро го познавал Атанасовски . Цветанов пишува и дека Атанасовски има многу контакти надвор од државата, и многу пари при што би можел да се пушти во бегство па упатува апели до надлежните да реагираат на време.

Сведочејќи тој кажа дека Василевски-Нинџа примал наредби од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски и од началникот во Управата Никола Бошковски, кои постојано комуницирале со него.
Владимир Атанасовски кој е по потекло од Делчево го управуваше директорското кормило во Управата за безбедност и контраразузнавање.
Протестот на 27 април не ги задоволил неговите апетити во поглед на масовноста, а по тој датум кој ќе остане врежан во сеќавањата на оние кои во тој момент се затекнаа во Собранието и на кои коските им се тресеа од страв додека разулавена толпа граѓани беснееше низ Законодавниот дом, Владимир Атанасовски побарал да се фрлат бомби во домовите на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов и на сегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, но и да му се запали автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Ова го кажа сведокот Симовски на вчерашното рочиште за настаните од 27 април во Собранието.

 На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори – раскажа Младеновски.

Обвинетиот Михаил Младеновски по исказот на неговиот брат Стефан ги потврди наводите дека целиот настан е креиран од структури во УБК со цел некои луѓе да си ги задржат своите функции, без разлика на жртвите.

Рече дека по насоки на УБК Нинџа требало да следи одредени лица кои, како што кажуваше, се државни непријатели. Објасни дека Нинџа на свое располагање имал две возила од УБК, моторола за следење на целата комуникација на СВР Скопје и полициски значки.

  Нинџа употребуваше еден збор дека ние сме надворешна 5-ка, односно група што содејствува надворешно со УБК. Тоа го нарекуваа пирамида што не може да биде урната. Никола Бошковски во една прилика ми кажа дека сме како јато и ако еден се одвои ќе биде осамена птица и незаштитена, рече обвинетиот Младеновски.

Михаил се присети дека немале насоки што да прават во Собранието на 27 април, каде се движел по инерција со толпата и откако излегол се видел со другите во паркот Жена борец.

  Тогаш дојде голф петка со сива боја и застана кај Зегин, спроти Жена парк. Тоа е службено возило на Никола Бошковски. Ни кажаа дека во возилото има оружје и треба да се подели на луѓе кои знаат да ракуваат со оружје. Причината за тоа е зошто имале информации дека доаѓа група Албанци со оружје.

Полицајците Сашо Тасевски, Ацо Ангеловски и Љупчо Јаневиќ добија признанија од МВР на Денот на македонската полиција што беше организирано на стадионот во Штип.
Тројцата полицајци на 27 април како дел од обезбедувањето ги бранеа премиерот Зоран Заев, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и останатите пратеници од парламентарното мнозинство при упадот на толпата во Собранието на РМ.

Ама тоа не се случи. Тогаш Синиша од кај претседателот Иванов ни кажа дека ќе се прогласи воена состојба и со воена полиција ќе се апси новото парламентарно мнозинството за државен упад. Таа неизвесност траеше до 22 часот, кога Иванов излезе и повика на смиреност и закажа лидерска средба, изјави обвинетиот Младеновски, потенцирајќи дека знае дека има голем интерес јавноста да ја знае вистината.

Обвинетиот Захарие Симовски, кој беше најавен од неговиот адвокат како „трет херој на денот“, во изнесувањето на неговата одбрана рече дека учествувал во настаните од 27 април, како и претходно во протестите со иницијативата „За заедничка Македонија“, по наредба на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на кого му бил личен телохранител од 2015 година.

Симовски рече дека во 2016 година на протестите пред ДИК кога чекале наредба да прават нереди и да фрлаат со молотови коктели, биле известени од Нинџа дека директорот на УБК Атанасовски дал наредба да се запалат домовите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов и автомобилот на Љубомир Фрчковски.

  Јас имав задача да ги најдам локациите и ги известив дека во домовите на таргетираните лица нема никој, како и дека бараното возило на Фрчковски, не е на паркингот пред неговиот стан. За среќа не дојде до таков настан – истакна Симовски.

Обвинетиот рече дека учествувал и на протестите на „За заедничка Македонија“ на кои најчесто тргнувале од пред ТЦЦ Плаза и многу често неговиот шеф Нинџа влегувал во зградата на ВМРО-ДПМНЕ на средба со функционери, а имал сознание дека се сретнувал и со тогашниот премиер Никола Груевски.

На 27 април во кафе барот „Дион“ стигнал околу 14 часот, а претходно му било јавено да го земе оружјето, кое, како што наведе, никогаш не го употребил. По средбата во кафе барот тргнале кон Собранието каде прво влегле во пленарната сала, а потоа кон прес-центарот.

  Кога обезбедувањето на пратениците пред прес-центарот испука кршум, го видов Игор југ како репетира пиштол, а јас само го допрев мојот пиштол преку облеката -истакна Симовски, додавајќи дека влегле во салата и потоа излегле и сите од групата се нашле пред споменикот во „Жена парк“.

Таму констатирале дека се измамени и изиграни од власта, посебно од Управата за безбедност и контраразузнавање која најчесто ги контактирала и организирала групите.

По изјавата на Михаил Младеновски дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека претседателот Ѓорге Иванов ќе прогласи воена состојба, вчера реагираше Кабинетот на претседателот.

  Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април – се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.