петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 10:45

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

 Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, се наведува во обвинението од ОЈО.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.