Грција тужи културно здружение затоа што „јазикот на домородното население не се разликува од грчкиот“

Објавил: admin@magazin | 11 април, 2019 12:17

„Преспанскиот договор“ на дело – Грците сепак не ги признаваат македонскиот јазик и идентитет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новооснованото културно здружение „Кирил и Методиј“ на Македонците од Ираклеа, Серско, Егејска Македонија, веднаш по регистрацијата добило покана за на суд, каде што сега треба да докажува дека имаат право да формираат такво здружение, пишува весникот Илинден.

Иако реалноста сега е сосем различна премиерот Заев во минатото ги убедуваше граѓаните дека идентитетот и македонскиот јазик е зајакнат и потврден.

За да го избегнат поимот „македонски јазик“, Македонците од Ираклеа (Долна Џумаја), Егејска Македонија во регистрацијата напишале дека здружението меѓу другото ќе се грижи и за јазикот што го зборува автохтоното население, се наведува во онлајн весникот.

Според грчките медиуми, Пан-хеленистичката федерација на културните асоцијации на Македонците поднела тужба, во која се вели дека членовите на здружението „Кирил и Методиј“ се сепаратисти и дека јазикот на домородното, автохтоно население не се разликува од грчкиот јазик. За нив, рекле тие, таму нема друго автохтоно население освен грчките Македонци.

Членовите на здружението „Кирил и Методиј“ велат дека не случајно ја избрале таа формулација (јазикот на автохтоното население) за да се избегне употребата на поимот македонски јазик и да се избегне репризата при регистрацијата на Домот на македонската култура во Лерин пред 30 години.

Инаку, премерот Заев во некоку наврати по потпишувањето на Преспанскиот договор изјави дека истиот не го задира и го признава „македонскиот јазик“ и „македонскиот идентитет“.

Добиваме кристална и недвосмислена потврда на македонскиот јазик и потврда за македонскиот идентитет. Грција го призна нашиот идентитет, јазикот ќе се користи слободно секаде. Нашиот идентитет е потврден и зајакнат. Имаме признаено држава од цел свет, во која што живее македонски народ признаен од цел свет, кој што говори македонски јазик признаен од целиот свет, велеше Заев минатата година.

Но, од грчкото МНР се пофалија дека со договорот, Македонија признава дека јазикот не е позврзан со античката грчка култура на Македонија и со историјата, културата и наследството на Македонија.

Тука пак Заев има спротиставен став со Грците и она што министерот од неговата Влада, Никола Димитров го потпиша.

Јазикот е нашиот идентитет, културното наследство, историското наследство е нашиот идентитет, изјави Заев.

Македонскиот премиер Зоран Заев со согласи со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, според договорот од Преспа, терминот Македонец не означува национална или етничка припадност, туку само државјанство, како што беше напишано и во вербалната нота која македонското Министерство за надворешни работи ја прати до Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.