Милијардерот Андерс Холч Повлсен и неговата сопруга Ен Холч Полвсен изгубија три од нивните четири деца во нападот во Шри Ланка пред една година.

Објавил: admin@magazin | 12 март, 2020 19:02

РАДОСНА ВЕСТ: Данскиот милијардер кој ги загуби 3-те деца во Шри Ланка, ДОБИ БЛИЗНАЦИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Данскиот милијардер Андерс Холчх Повлсен (46) минатата година се прости од своите три мали деца кои беа убиени на Велигденскиот терористички напад кој се случи во Шри Ланка.

Милијардерот Андерс Холч Повлсен и неговата сопруга Ен Холч Полвсен изгубија три од нивните четири деца во нападот во Шри Ланка пред една година.

Но, после една година од трагичниот настан – во средата парот доби близнаци.

– Сите се неверојатно среќни од двете мали принцези, вели приватниот секретар на Андерс Холч Повлсен, Кристина Минстер.

Данскиот милијардер Андерс Холчх Повлсен (46) минатата година се прости од своите три мали деца кои беа убиени на Велигденскиот терористички напад кој се случи во Шри Ланка.

Во бомбашките напади во Шри Ланка за време на велигденските празници во 2019 година загинаа околу 253 луѓе и беа повредени стотици граѓани.
Три од загинатите беа деца на најбогатиот човек во Данска, Андерс Холч Повлсен (46) и неговата сопруга Ен Холч Полвсен (40).

Алма, Агнес и Алфред никогаш не се вратија дома од одморот од соништата.

Но, помалку од една година по трагедијата, среќата повторно се врати на семејството. 

– Во среда, 11 март, Ен и Андерс Холч Повлсен станаа родители на две прекрасни девојчиња.

На погребот присуствуваа бројни членови на данското кралско семејство, исто така и премиерот Ларс Локе Расмусен.

На комеморацијата на денот пред погребот, беше прочитана изјавата од нивниот татко, во кој се наведуваше дека е ова потполно несфатлив губиток за семејството, и заедно со својата сопруга јавно се заблагодарија на семејството и блиските пријатели на љубовта и поддршката што им ја пружиле во овие тешки моменти и вети дека заедно со сите, ќе најде излез од оваа трагедија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.