Заев и Чавков си имаат лични замерки уште од времето на случајот “Поткуп“ за кој Заев сметал дека му е откриен токму од Чавков.

Објавил: Данаил Михајловски | 13 март, 2019 11:35

Пресудата за Чавков е веќе донесена, 14 години затвор!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Митко Чавков во петок ќе биде осуден на драконска казна од 14 години затвор. Ова го смета Сашо Дуковски, адвокатот на Чавков, кој цени дека потегот со носење во притвор пред изрекувањето на пресудата, и покрај дадената гаранција, сугерира дека пресудата е веќе донесена. Инаку, во судските кулоари се зборува дека пресудата која ќе ја изрече судијката Кацарска, се поклопува со политичките желби на премиерот Заев, бидејќи Заев му бил многу лут на Чавков за случајот “Поткуп“ во кој беше откриено дека како градоначалник на Струмица барал евра за легализација.

На новинарско прашање на 28-ми Април 2017, веднаш по бурните инциденти во Собранието, како го коментирате политичкото влијание на припадници на полицијата вчера, лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговори:

“Ова вчера беше само на дело, атак врз уставниот поредок, рушење на се што е Устав и закон во оваа наша земја. Секако, она што го објави министерот Нухиу, е јасно како бел ден, кажува се, вишок е секој мој коментар. Очекувам веднаш оставка од Митко Чавков. И нека бега подалеку!“

На социјалните мрежи се појави исечок од весник највероватно Нова Македонија со соопштение кое налилува на синоќешното. Иста метода на УДБА пишуваат на социјалните мрежи

Кривичниот совет го прифати предлогот на Обвинителството и на на Чавков синоќа му определи мерка – притвор во траење од 30 дена, по што тој бил приведен и однесен во истражниот затвор.

Чавков е обвинет за настаните во Собранието од 27 -ми април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.

Меѓу обвинетите за тероризам е и оперскиот пејач Игор Дурловски, кој цел судски процес го смета за една политичка монтажа и затоа не ни побара амнестија согласно законот кој го изгласа Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.