Јанкулоска се расплака со зборовите, имам право да се грижам за моето бебе, и ги отфрли обвинувањата на СЈО кои личеле на тези на политичка партија, а не на обвинителство

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 13:39

Пресудата за Јанкулоска во „Тенк“ на 8 октомври

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ ќе биде соопштена на 8 октомври, соопшти денеска претседателката на Судечкиот совет Добрила Кацарска, по изнесените завршни зборови.

Обвинителството, во завршниот збор, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, заедно со Попоски и Груевски.

Обвинетата Јанкулоска смета дека судот треба да донесе ослободителна пресуда.

Во ниту еден момент во мене не постоела умисла да поттикнам некого за набавка на возило. Како министер никогаш и на никого не сум вршела притисок и ниту сум потпаднала под нечиј притисок. – рече Јанкулоска.

Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. Како што е наведено во обвинителниот акт, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.

Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Во „Тенк“ веќе се осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6.6 години затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.