Адвокатот на поранешниот премиер и адвокат на притворените Јанакиески и Божиновски, тврди дека нема што да бараат од Иванов амнестија, која добиле аболиција пред 2 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 7:52

Претседателот не одредува амнестија, туку аболиција, незнаењето е изговор за прогон

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Одлуката за притворот на поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски ја донел кривичниот суд, на барање на СЈО, кое пак добило информации од УБК, дека двајцата се подготвувале за бегство.

Според решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за прифаќањето на предлогот на СЈО, Миле Јанакиески да биде притворен, откако претходно било утврдено дека Јанакиески наводно преку посредник барал амнестија од претседателот.

Нивниот адвокат Еленко Миланов вели дека е нејасно зошто би му бил потребен посредник на Јанакиески со шефот на државата Иванов, кога лично тој двапати учествувал во неговата кампања за претседател, а Божиновски имал висока позиција во Владата за која не му е потребен посредник за средба.

Дури и да барале амнестија, недозволиво е тоа да биде поврзано со нивно бегство.

Прво и основно ако одиме по соопштението од кабинетот на Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, воопшто ниту имало средба која што била во насока на било каков разговор за амнестија, уште помалку тоа било со некаков си посредник на господинот Миле Јанакиески или Кирил Божиновски. Ако го следиме тоа соопштение не се спори, што не го спори ниту Миле Јанакиески дека тој остварил средба со претседателот на државата, но во врска со актуелната политичка ситуација во државата, а не за некаква амнестија.

Правно е многу погрешно да воопшто тоа што стои во службената белешка да се бара амнестија, затоа што амнестија дава собранието, не претседателот, тој и не е надлежен да дава амнестија, тој може да даде аболиција. Аболицијата за конкретниот случај „Титаник“ е дадена уште во април, мај 2016 година, што значи тоа е право кое веќе е стекнато и што има сега повторно да бара во таа насока, а дури и да постави ново барање за аболиција, тоа не укажува на бегство. – вели Миланов.

Според обвинителката на СЈО, двајцата планирале идентично бегство како и поранешниот премиер Груевски. Ако специјалното обвинителство знаеле дека поранешниот премиер планирал бегство, се поставува прашањето, зошто тогаш не го спречиле.

Начинот на кој Груевски побегнал од државава се уште не е познат, па оттука нејасно е како Јанакиески и Божиновски планирале идентично бегство, вели нивниот адвокат Еленко Миланов.

И при последната посета во затвоор и Јанакиески и Божиновски јасно ми кажаа дека ниту размислувале нити пак сакале да побегнат, ниту пак имаат потреба за бегство. – вели адвокатот. Ако планирале идентично бегство како што тврди СЈО, сигурно на 14 ти месецов немаше да најдат во нивните домови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.