Уште една нова одлика која доаѓа заедно со новиот XC40 Recharge е целосно новиот мултимедијален систем кој е базиран на Android оперативниот систем.

Објавил: admin@magazin | 20 октомври, 2019 19:46

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ VOLVO XC40 Recharge: Нуди сила од 402 кс и опсег од 400 км(ГАЛЕРИЈА)

Фото/Текст извор: ©carclub.mk

Volvo го претстави својот прв целосно електричен модел, кој има комбинирана сила од 402 кс и максимален опсег на возење од 400 километри.

Шведскиот бренд ќе ја користи ознаката Recharge за секој електричен модел на полнење, а тоа ги вклучува целосно електричните модели и plug-in хибридите.

Производителот планира да лансира пет нови електрични возила во наредните пет години, а новиот XC40 е првиот од „екипата“.
Volvo XC40 Recharge е погонуван од два електрични мотори, по еден на секоја оска, кои имаат комбинирана сила од 402 кс.

Шведскиот бренд ќе ја користи ознаката Recharge за секој електричен модел на полнење, а тоа ги вклучува целосно електричните модели и plug-in хибридите.

Доколку тоа ви звучи познато, тоа е бидејќи тоа е истиот погон од претстојниот Polestar 2.Според Volvo, малиот електричен кросовер има опсег на возење од над 400 км според WLTP циклусот и е способен да ги наполни батериите до 80% од својот капацитет во рок од 40 минути преку полнач од 150 киловати. Батериите се литиум-јонски со енергија од 78 киловат часа.

Уште една нова одлика која доаѓа заедно со новиот XC40 Recharge е целосно новиот мултимедијален систем кој е базиран на Android оперативниот систем.
Споредено со моделот на внатрешно согорување, електричниот модел е поставен поблиску до подлогата поради батериите монтирани на подот. Просторот во багажникот е исто така малку намален, но поради ослободениот простор под предниот поклопец, сега и таму има место за складирање на багаж.

Цените на новиот Volvo XC40 Recharge се очекува да започнат од 59,000 евра во Германија, а моделот ќе започне со продажба на Европскиот пазар при крајот на следната година.

[ngg src=”galleries” ids=”4″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...