За случајот во тек е подготовка на записник

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 19:04

Приведен гласач во кумановско Тромеѓе, го сликал гласачкото ливче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата  привела едно  лице во гласачко место во кумановското село Тромеѓа  кое го фотографирало гласачкото ливче, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово.

За случајот,  како што додаваат оттаму, е во тек подготовка на записник.

Според податоците на Државната изборна комисија, до 17 часот, излезеноста во Куманово е 30,82 проценти, во Липково, 13,55, а во Старо Нагоричане, 33,31 процент.

Случајот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде информираат дека настанот се случило во 16 :49 часот, кога лицето со иницијали М.Д., на избирачкото место 1080 во село Тромеѓа со мобилен телефон го сликало гласачкото ливче, по што бил приведен во СВР Куманово.

Во Куманово  денеска можат да гласаат 86.009  на 167 избирачки места, информираше претседателот на ОИК Куманово, Звонимир Николовски.

Во Липково, право на глас имаат 25.363 граѓани кои гласаат на  36 избирачки места, соопшти претседателот на ОИК, Лирим Јашари.

Гласањето се одвива непречено и во Старо Нагоричане, информираше  Драган Јовановски, претседател на ОИК. Во оваа општина право на глас имаат 3.329 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.