Користењето на бесбедносниот ремен веројатно ќе помогнело принцезата да остане жива во несреќата во автомобилот, извадоци од книгата на Ричард, пренесе и весникот Daily Mail.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2019 22:12

Принцезата Дијана, ќе останела жива по кобната сообраќајка само доколку го направела ова!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Помина дури 21 година од смртта на принцезата Дијана, но се уште останаа неразјаснети некои детали од кобната сообраќајна несреќа.

Според д-р Ричард Шепард, кој е еден од најдобрите форензичари во Велика Британија, во својата нова книга, објавил дека принцезата Дијана, најверојатно ќе останела жива во сообраќајната несреќа, доколку носела безбедносен појас.

Користењето на безбедносниот ремен веројатно ќе помогнело принцезата да остане жива во несреќата во автомобилот, извадоци од книгата на Ричард, пренесе и весникот Daily Mail.

Инаку принцезата Дијана загина на 31 август 1997 година. Дијана била смртно повредена во сообраќајна несреќа на патниот тунел кај мостот Алма во Париз која исто така предизвикал смрт кај нејзиното тогашно момче Доди Ал Фајед и кај Анри Пол, нивниот возач и вршител на должноста обезбедување во хотелот Риц во Париз. Погребот на Принцезата бил проследен од милионска публика.

Дијана  добила признание за нејзината добротворна работа, како и за нејзината поддршка на Меѓународната кампања за забрана на нагазни мини. Од 1989 година таа била претседател на болницата за деца Ормонд Стрит.

Во 2005 година лекарот Шепард, за документарецот изјавил дека  Дајана во таа несреќа би можела да помине само со неколку модринки.

„Дајана би минала само со неколку ситни модрици или евентуално во најлош случај ќе ѝ била скршена раката“, изјавил лекарот Шепард во документарецот. Кој додава дека доколку принцезата се удрела во предното седиште под малку поинаков агол, или едноставно го користела заштитниот ремен, најверојатно ќе поминела со неколку полесни скршеници, и модринки ”

Како што вели Ричард Шепард, забележува дека единствениот преживеан по ударот – телохранителот, кој управувал со Мерцедесот марка S-Class, останал жив токму поради користење на безбедносниот ремен. Тој истакнува дека по несреќата кога првите новинари стигнале до местото, Дијана била се уште жива па дури и разговарала со нив, а дури по пат кон болницата, принцезата ја загубила свеста и срцето запира со работа. Принцезата Дијана, била родена во старо англиско аристократско семејство со благородничко потекло, станала јавна личност уште од денот на објавувањето на нејзината свршувачка со принцот Чарлс, а во фокусот на вниманието останала пред, за време но и по разводот од принцот Чарлс, во 1996 година. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.