Потрагата по телото продолжува

Објавил: Калина Мартинска | 6 април, 2024 9:04

Притвор за осомничените за убиството на Данка Илиќ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) синоќа биле сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го признал делото, додека другиот се бранел молчење, дознава Телеграф.рс.

Сослушување на осомничените и нивни роднини

„Осомничените беа сослушани во обвинителството, при што Д.Д. целосно го призна извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење“, информираат од Обвинителството.

Претходно, на предлог на обвинителството, судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Заечар на осомничените им одреди мерка притвор до 30 дена.

Притвор им е одреден поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на траги од извршување на кривично дело, како и поради вознемирување на јавноста.

Продолжува потрагата по малата Данка Илиќ

Надлежните српски институции уште трагаат по телото на малото девојче.

„Депонијата е детално пребарана. Повторно ги погледнав пораките што ги разменувавме ние во полицијата – од моментот кога направивме поклопување на сите овие податоци и оваа верзија на настанот, по реконструкцијата што ја направивме, изведувањето на мајката на местото на настанот … По точно 28 минути целиот тим заедно со пожарникарите беше на теренот и ја пребаруваше депонијата. Таму беше Градската чистота. Буквално се превртел секој камен, секој пакет, сè што беше на тоа место. Не е пребарано само местото каде што има отстранет смет“ кажува Мајорката Пјановиќ.

Родителите на Данка Илиќ на местото каде луѓето палат свеќи за нивната ќерка

Во солзи мајката и таткото на Данка Илиќ вчера го посетија местото каде што луѓето палат свеќи и оставаат играчки:


На Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ им се заканува доживотен затвор

Тие се товарат за кривично дело тешко убиство на дете кое според измените на Кривичниот законик кои стапија на сила на 01.12.2019 година се казнува со доживотен затвор без помилување!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.