Се потврдија информациите дека убиецот кој го извршил тројното убиство во Дебар е постарата ќерка на семејството Поцеста

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 14:59

Притвор за ќерката која си ги уби родителите и сестрата, притворени и помагачите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Одреден е притвор во траење од 48 часа на постарата ќерка на семејството Поцеста Б.П. (28), осомничена дека го извршила грозоморното тројно убиство во Дебар и дека таа го застрелала својот татко Агим, мајката Назмие и 14- годишната сестра Анила.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, како и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во врска со „убиство“. Б.П., Ф.Г. и В.К. се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа, информираат од МВР.

Магазин.мк уште изутринава прв објави дека можен сторител на грозоморното убиство е постарата ќерка на семејството Поцеста. 

Шок: Не роднина, туку ќерката го убила семејството Поцеста?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести