Славјанка Петровска од СДСМ, денеска на прес-конференција потврди дека три кандидатури за претседател на СДСМ се прифатени, а една е одбиена поради неосполнување на правилата и условите кои биле распишани.

„Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа.“, рече Петровска

Објавил: Перо Милчин | 4 декември, 2021 15:45

Прифатени три, од четирите кандидатури за претседател на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин

Следната недела на 12 декември ќе финишира и процесот на избор на нов лидер на СДСМ, кој според најавите од Заев, ќе биде и мандатар на новата Влада.

Славјанка Петровска од СДСМ, денеска на прес-конференција потврди дека три кандидатури за претседател на СДСМ се прифатени, а една е одбиена поради неосполнување на правилата и условите кои биле распишани.

„Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа.“, рече Петровска!

Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера.

Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваа критериумите согласно Статутот на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести