На телото на Влатко Илиевски нема траги на насилство

Објавил: admin@magazin | 7 јули, 2018 15:54

Причината за смртта на Влатко Илиевски најверојатно предозираност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за смртта на Влатко Илиевски , чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа автомобил на улица„Трета македонска бригада“ во Скопје. Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство.

Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење.

Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, а пријателите на пејачот сметаат дека најверојатно станува збор за предозираност, со оглед на тоа што, според нивните кажувања, Илиевски во последните неколку месеци бил навлечен на хероин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.