Нашиот отпор во дијаспората нека биде зачетокот на нови протести и непризнавање на вештачка северна држава.

Објавил: Перо Милчин | 31 јануари, 2019 23:24

Голем протест на Македонците од Европа пред Европскиот Парламент во Брисел!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Протест на Македонците од Европа пред Европскиот Парламент во Брисел!

Ви го пренесуваме во целост соопштението на координативното тело за протести на Македонците од Европа.

Понесени од европските вредности за човекови права, достоинство и почитување на волјата на македонскиот народ, потврдена од минатогодишниот референдум, македонската дијаспора од Европа повикува на голем масовен протест пред седиштето на Европскиот Парламент во Брисел.

Легитимноста на македонскиот народ е узурпирана од нелегитимните пратеници и таканаречена влада. Откога неправдата и нелегитимноста се инкорпорирани во општеството, отпорот и бојкотот станува основно средство на реакција и должност.

Дали мирно ќе го набљудуваме процесот на македонското уништување и држава?

Понесени од европските вредности за човекови права, достоинство и почитување на волјата на македонскиот народ, потврдена од минатогодишниот референдум, македонската дијаспора од Европа повикува на голем масовен протест пред седиштето на Европскиот Парламент во Брисел.

Нашиот отпор во дијаспората нека биде зачетокот на нови протести и непризнавање на вештачка северна држава.
Да бидеме горди и решителни во докажувањето на македонските неправди пред Европските институции и пошироко.
Само со м масовност и решителност ќе можеме да придонесеме во зачувувањето на македонската држава и идентитет.

Протестот ќе се одржи на:
8 февруари 2019 година
14.00 часот
Пред Европскиот Парламент – Брисел, Белгија
Секогаш Македонија, никогаш Северна.
Координативно тело за протести на Македонците од Европа
Женева , 31 јануари, 2019.
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.