Уметниците од сите сфери најостро реагираат на скандалот во Министерството за култура

Објавил: Узунов Бобан | 9 февруари, 2019 19:30

Професорот Кировски од Музичката академија: Ова што се случува во културата е параван за грабеж (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот на Музичката академија Љубиша Кировски скандалот во културата го нарече криминал, параван за грабеж на средствата од Министерството за култура. Тој е активен концертен музичар кој настапува како солист со Македонската Филхармонија во Скопје и на гостувања во Софија и Сараево, настапува како солист со оркестарот на Санкт Петербуршката капела изведувајќи го концертот од В.А.Моцарт во А-дур.  

Тој смета дека под параванот на проекти за национален интерес стојат само измислени организации, измислени квази уметници, коишто добиваат енормно високи цени и хонорари и тоа е класичен грабеж на буџетот на министерството за култура. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести