Клодиана Лала важи за угледен албански новинар, чии стории ги разобличуваат криминалите на владеењето на премиерот Еди Рама

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 6:23

Пукано во домот на албанската новинарка Клодиана Лала

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Непознати сторители ,околу три часот по полноќ со автоматска пушка пукале во домот на родителите на истражната новинарка Клодиана Лала.

Од увидот полицијата соoпшти дека десет куршуми завршиле во ѕидоците на објкетот, прозорците и влезната врата.

За среќа нема повредени. Во ќуката биле нејизните родители, братот и сестрата, а Клодиана со сопругот и двете малолетни деца,за кои ова е втор дом поради нејизините обврски, нешто по полноќ заминале во нивниот дом.

Според медиумите ова е најверојатно само предупредување до новинарката мислејќи дека таа со семејството е тука, каде што често останувала и да преноќи.

Клодиана Лала е позната по нејзините истражни стоии, во кои открива многу случаи на корупција во кои се вмешани и лица од власта.

Остра осуда за инцидентот најпрво приситгна од здружението на новинарите, кое оценува дека ова е прв обид начин како да се замолчи новинарството. Инцидентот го осудија и претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама, мисијата на ОБСЕ ,како и граѓански организации и други политички партии.

Во реакцијата лидерот на опозициската демократска партија Љуљзим Баша, покрај силната осуда, оценува дека тоа е потврда за небезбедноста на граѓаните на Албанија посебно на новинарите кои се осмелуваат да пишуваат за „криминалот на Владата на Рама и неговите пријатели“.

– Зад вооружениот напад врз новинарката Клодиана Лала,која неодамна ја откри поврзаноста на пратеникот на Еди Рама, Јоргис Чурбја со криминлната банда на Емилијано Шулази, е потврда дена криминалот во оваа змеја е недопирлив,- стои во реакцијата на Баша.

Полицијата не соопштува детали во интерес на истрагата, освен дека новинарката добила полициска заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.