Според информациите на МВР, било пријавено рано утринава дека има пукотници во скопската населба Козле.

Објавил: Весна Петровска | 5 јуни, 2019 17:41

Пукотници во Козле – граѓаните во страв и паника

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пукање во скопската населба Козле, жителите преплашени откако ги слушнале пукотниците.

Според информациите на МВР, било пријавено рано утринава дека има пукотници во скопската населба Козле.

Двајца браќа почнале да се расправаат со нивниот сосед, па вербалната расправија била вжештена со неколку пукотници од огнено оружје.

По извршениот увид е констатирано дека Ф.Ш.(38) и неговиот брат Р.Ш. (36), двајцата од Скопје пријавиле дека на улицата „Козле 1“ нивниот сосед Ќ.Р. (56) по претходна расправија, поради тоа што не им дозволувал да поминуваат преку улицата за да стигнат до нивниот плац, извадил пиштол и во воздух испукал неколку куршуми. За среќа во инцидентот повредени нема, а пиштолџијата е приведен.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во главниот град нетрпеливоста од ден во ден се повеќе расте, од обилна вербална расправија често завршувале во големи инциденти каде во некои случаеви и со повредени.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.