Познатиот актер Стивен Сегал в0 2016 година од Путин доби и државјанство и пасош

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 11:27

Путин го именуваше Сегал за свој советник за руско американските хуманитарни односи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот актер и режисер Стивен Сегал е назначен за специјален претставник на руското министерство за надворешни работи за прашања од областа на руско американските хуманитарни односи.

Според одделот за надворешна политика Сегал ќе работи на развивање на руско – американските хуманитарни односи пред сè во однос на културата и уметноста.

“Неговата задача ќе биде да развива соработка во сферaта на младинската размена како и во многу други општествени активности.” – пишува “Спутник”.

Американскиот актер доби руско државјанство во 2016 година и тоа лично од претседателот Путин.

“Отсекогаш сум чувствувал дека САД и Русија треба да бидат најдобри пријатели и сојузници. Без оглед на несреќната пропаганда што се случува околу нас – јас – како и досега – се придржувам кон таа идеја и подготвен сум да работам напорно за да ја постигнам ваквата цел. Ви благодарам за ваквата можност.” – рече своевремено Сeгал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести