Претседателот нема да оди во црква и ќе остане дома.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 април, 2020 17:40

ПУТИН НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА ВЕЛИГДЕНСКАТА ЛИТУРГИЈА: Еве каде ќе биде рускиот претседател за ВЕЛИГДЕН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на велигденска литургија во црквата оваа година, но подоцна ќе оди во капелата во неговата резиденција, изјави портпаролот на Кремилј, Дмитриј Песков.

„Претседателот нема да оди во црква и ќе остане дома. Како што знаете, тој сега престојува и работи во резиденцијата Ново-Огерово“, рече Песков за ТАС С.

Тој додаде дека во вечерните часови Путин ќе отиде во мала капела сместена на имотот на оваа резиденција каде ќе запали свеќа.

Според последните податоци на Ворлдометерс, во светот има вкупно 2 259 001 заболени од ковид-19, од кои 154 390 починале, а 575 970 луѓе оздравеле.
Новопријавени во изминатите 24 часа се 10 138 заразени со коронавирусот.

На листата со најмногу заразени и починати се САД со 710 272 заболени и 37 175 починати лица, од кои новозаразени се 537.

Следи Шпанија со 190 839 заболени од ковид-19 и 20 002 починати, потоа Италија со 172 434 заболени и 22 745 починати лица.

Во Франција бројот на заболени е 147 969 лица, а на смртни случаи 18 681 лица.
Во Германија има 141 397 заболени и 4 352 починати од ковид-19. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.