Ова не е прва и единствена помош од Алкалоид. Таа е меѓу првите компании кои помогнаа на Министерството за здравство за ковид кризата, се заблагодари министерот!

Објавил: Владо Марин | 2 септември, 2020 21:08

Пуштен во употреба целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска го пуштивме во употреба целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци – објект кој повеќе од 30 години беше надвор од употреба, објави на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче!

Огромна благодарност за Алкалоид и Фондацијата „Трајче Мукаетов“, за донацијата во висина од 170 илјади евра.

Ова не е прва и единствена помош од Алкалоид. Таа е меѓу првите компании кои помогнаа на Министерството за здравство за ковид кризата, се заблагодари министерот!

Се радувам што постојат општествени одговорни компании кои помагаат во унапредувањето на јавното здравство, рече Филипче!

Иначе според извештајот на ИЈЗ за период 24-30 август 2020 година повторно се бележи намалување на бројот на новодијагностицирани со ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани.

• 9.944 направени тестирања
• 666 нови позитивни случаи, намалување од 20,6% во однос на минатата недела
• Процентот на позитивни од тестирани изнесува 6,7%, намалување од 0,8% во однос на претходната недела.
• 71 хоспитализиран (10,7%), намалување од 40,3% во споредба со минатата недела
• 1.112 оздравени лица, 100% повеќе во однос на претходната недела
• 35 смртни случаи од 13 градови!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...