Вељко веќе откри дека сосвојата сопруга Богдана очекуваат син кој ќе го носи името на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 декември, 2019 10:00

Радост во куќата на Цеца- Вељко го открива датумот кога ќе се породи Богдана

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата српска пејачка Цеца, вчера за медиумите откри убава вест.

Вељко и Богдана ги венчаше духовникот на Цеца, Стефан Шариќ, а на венчавката присуствуваа повеќе од 250 гости

Имено среќниот татко кој заедно со својата сопруга со која стапија во брак годинава го чека првото дете, го откри датумот на кој ќе се породи Богдана. Вељко веќе откри дека сосвојата сопруга Богдана очекуваат син кој ќе го носи името на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ. Имено Вељко открива идека породувањето на Богдана, на овој датум има симболика за целото семејство.

Приновата е на пат, добивам син. Терминот е 10 јуни и близу е до роденденот на мама, открива Вељко за „Ексклузивно“.

Вељко за медиумите откри и како се чувствуваеден емсец по свадбата. Тој вели дека ништо не се променило во нивните животи.

Нема ништо поинаку. Документот има некакво значење, но на крајот на денот е чиста љубов. Свадбата беше голема, но не може да се спореди со онаа на мама и тато, тоа беше навистина лудо, вели Вељко.

Инаку вчера во медиумите излезе веста дека Цеца ќе им подари на синот и снаата уникатна лулка, која е направена со посебни мерки, анатомски правила и материјали што се грижат за здравјето на бебето.

Кога пејачката дознала дека Богдана е во блажена состојба, сакала да им подари уникатна лулка. Цеца цртала заедно со дизајнерот како да изгледа лулката и нацртала посебни детали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.