Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ кои гласаа, било "за" или "против" во основа го одобрија кршењето на Уставот, законите и Деловникот на Собранието но претседателот на државата

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 19:03

Рангелова и компанија од утре ќе имаат лице да седнат на истите собраниски клупи?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Референдумот за промена на името пропадна, оценките и проценките секоја политичка партија ќе ги толкува на свој начин.

Извесно е дека сите ќе прогласат победа, неизвесно е до кое лице од утре пратениците на ВМРО – ДПМНЕ кои излегоа на гласање ќе седнат до своите “колеги” пратеници од истата партија.

Во основа излегувањето на референдумот со вака формулирано прашање значеше само придонес кон зголемен ценсуз, дури и ако се гласало против.

Излегувањето на референдум со вакво прашање значење плукање на Македонската држава и Македонскиот народ кој пратениците на ВМРО – ДПМНЕ не ги легитимирал при изборот и со мандат за промена на Уставот.

За крај, излегувањето на референдумот со вакво прашање при што самата процедура при распишување беше противуставна и спротивно од Деловникот за работна на Собранието на Македонија е вртење грб на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој како и Законот за употреба на јазиците така и Договорот од Преспа ги оцени за неуставни и одби да ги потпише по второто гласање.

Се покажаа ли денес пратениците кои ќе го поддржат Заев и Ахмети за обезбедување на 2/3 мнозинство за промени на Уставот и имплементирање на Договорот од Преспа?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...