Нова историја за републиката, каде владее правото наместо поединецот

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 14:01

Река: Да не ме гласаат само затоа што сум Албанец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, мене не ми е потреба позитивна дискриминација, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој зборува и за својата идеја за Балкански Бенелукс, избирачкиот список и меѓуетничките односи.

Река вели Дека еден од главните столбови на целата, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега „Северна“ Македонија од држава да стане република.

Нова историја за републиката, каде владее правото наместо поединецот е дел од вашето предизборно ветување.

На прашањето што може да направи за да го исполни ова  ветување, Река вели Дека еден од главните столбови на целата, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република.

 Еден од моите главни столбови на целата, јас би рекол, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република. Јас мислам дека Македонија е држава, но се уште не е република. Републиката ја прават владеење на законот, а не на поединецот, а најмалку култ на личноста. Ние имавме скоро 11 години заробена држава, но се плашам дека во последните две години ние одиме кон приватна држава. Ако не превенираме поголеми проблеми во нефункционирањето на законот, јас се плашам дека не само што нема да има правна држава, туку може да завршиме и во празна држава. Целата моја филозофија се базира на пет столбови и тоа:

Република Македонија како мултиетничка република, како евроатлантска република, како 30 земја членка на НАТО, како земја која ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ, како земја која има нула проблеми со соседите и како земја која нема да заврши како празна држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.