Ременски вели дека нејзините пораки одредени медиуми ги извадиле од контекст без при тоа да ја побараат. Таа тврди дека нема никаква поврзаност помеѓу неа и семејството Камчеви, ниту пак со случајот „Империја“,

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 10:49

Ременски: Пораките се извадени од контекст, немам никаква поврзаност со Камчеви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска пратеничката Фросина Ременски, која беше гостинка во емисијата Утрински Брифинг, ја коментираше комуницакијата помеѓу неа и Бојан Јовановски, првообвинетиот во случајот Рекет.

Вчера во обвинителството се разгледуваа докази за случајот Рекет. Беа читани и смс пораки, меѓу кои и оние на Ременски и Боки 13. Ременски и Боки 13 често пати комуницирале преку СМС пораки…

Имено таа вели дека пораките кои му ги праќала на Боки 13 не биле поврзани со работата на Меѓународниот сојуз. Ременски вели дека нејзините пораки одредени медиуми ги извадиле од контекст без при тоа да ја побараат. Таа тврди дека нема никаква поврзаност помеѓу неа и семејството Камчеви, ниту пак со случајот „Империја“,

„Во целиот тој период на збиени политички настани по однос на многу прашања со Уставот, Законот за амнестија, претпоставувам дека медиумски интерес бил многу повеќе фокусиран на решавањето на притворски предмет од СЈО и во тој контекст на медиумски интерес била и таа преписка. Ќе ја искористам оваа прилика, бидејќи се вадеа од контекст пораките од страна на некои новинари кои не ме побараа да дадам свое мислење за таа преписка, сакам да кажам дека најодговорно, по целосна материјалан и кривична одговорност, можам да кажам дека ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска немам никаква допирна точка со семејството Камчеви, со Орце Камчев, ниту со случајот „Империја“, освен во оној временски период кога нашата политичка партија излезе со ходограм кој што го објавуваше тогашниот портпарол Петре Шилегов- рече Ременски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.