Увидот во Избирачкиот список за есенскиот референдум ќе трае до 23 август

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 10:59

Референдумот најактуелен кај иселениците во Швајцарија и Австрија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум.

Како што соопшти Државната изборна комисија во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање сите преку веб апликацијата на ДИК https://dijaspora.sec.mk/

Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена по 21 во Љубљана и Торонто по 18 Канбера 15 итн.

Од пријавите 127 се прифатени а 124 се во обработка информираат од ДИК.

Од Државната изборна комисија укажуваат дека доколку некој од иселенците се пријави за изјаснување во дипломатско конзуларно претставништво во странство тогаш нема да може да гласа во Македонија доколку допатува во земјата

Од ДИК нагласуваат дека промените во Избирачкиот список граѓаните може да ги направат само со поднесување соодветна документација и ги повикаа граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август.  

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список на 9 август во подрачните единици проверка направиле 213 граѓани а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.