Иван Паранин може да пробие мраз долг готово 1,5 метри и тешко е наоружан со ракети Калибар и топ 76,2мм.

Објавил: admin@magazin | 28 октомври, 2019 23:57

Русија го лансира првиот борбен мразокршач кои ќе владее во светот: Ни подморниците не му можат ништо(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Русија го лансира својот прв застрашувачки борбен мразокршач, наоружан со топови и ракети како би го засилила своето војно присуство во Арктика.

Иван Паранин може да пробие мраз длабок 5 метри и тешко е наоружан со ракети Калибар и топ 76,2мм.

Бродот од 8.500 тони, стартуван е 25 октомври.

Мразокршачот ќе ги зголеми интересите на Русија за Арктик, каде таа земја користи огромни копнени резерви на нафта и гас. Изградбата од 114,3 метри започна во 2017 година и тој ќе биде спремен за употреба во 2022 или 2023 година. Бродот ќе има 60 членови на екипажот.

Руската морнарица има мразокршач Лија Муромец, кој е ненаоружан.

Неодамна во Санкт Петербург се одржа главната парада на воени бродови во чест на Денот на Воената морнарица на Русија. Претседателот Владимир Путин изјавил дека Русија планира да изгради единствена флота.

– Хероизмот на морнарите, талентот на морнаиричкиот командант и бродоградителот, смелоста на научниците и храброста на пионирите донесоа голема слава на руската морнарица. Нема да го одржиме само тоа високо ниво, туку ќе продолжиме да одиме уште понатаму. Ќе изградиме флота единствена по своите можности, конструирана да трае долго, флота на силна и суверена држава – порача Путин на парадата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.