Катица Јанева пак чека одлуки на жалбите во два суда за да излезе од притвор.

Објавил: admin@magazin | 30 септември, 2019 18:20

Рускоска ја следела зад петици Катица Јанева повеќе од десет дена пред да биде уапсена!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бојан Јованоски или Боки 13 и Зоран Милески Кичеец биле следени речиси еден месец пред да бидат уапсени, а додека пак екс обвинителката Катица Јјанева била следена една недела, по налог на Вилма Рускоска.

Денеска нејзините адвокати не сакаа да ги коментираат доказите од посебни истражни мерки кои ги видоа денеска.

– „Денеска завршивме со оние докази, кои што ги имаше обвинителството. Денеска ги видовме ПИ мерките спроведени према Јанева и исто така дел од разговорите денеска дослушавме. И По мерките исто така према Бојан Јовановски и Зоран Милески. За Јанева ми се чини околу 10 дена е следена, а за Бојан Јовановски и Зоран Милески околу 1 месец. Само физичко следење нема ништо друго“- изјави Ирена Фрчкоска, адвокат на Катица Јанева.

– „Веројатно од многу брзање од обвинителството е побарано вештачења кои не се завршени и кои се сеуште во тек, а кои задолжително мораме да ги видиме и да ни бидат дадени. Се плашиме дека тоа може да се случи дека тие ќе бидат дадени во многу кус период пред подигање на обвиненија дадени како докази и можност да ги виме, а тоа навистина би било не така добро за одбраната. Сега за сега сеиште не ни се дадени исказите на другите осомничени, што секкао е обврска на обвинителството да го направи.“ – Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева.

Во аферата „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, кој затворскиот притвор му беше заменет за домашен, додека пак барањето на трето осомничената Катица Јанева да биде пуштена во домашен притвор од Кривичен беше целосно одбиено.

Катица Јанева пак чека одлуки на жалбите во два суда за да излезе од притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.