Aмерикански магазин за право "Џудишл Воч" на 49 страници открива афера на службеници и дипломати на УСАИД и Стејт Департментот за поддршка на активности на Џорџ Сорос

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 10:39

САД ќе тужи вработени во УСАИД и вработени во амбасадите во Тирана и Скопје за поддршка на активности на Сорос

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претставници на амбасадата на САД во Албанија директно работеле со оперативци на Џорс Сорос за да канализираат пари за гранотви.

Парите најчесто завршувале во левичарски структури во земјата кои вршат напади врз традиционалните вредности на општеството како и про-американски групи, Влади и политики во име на “граѓанското општество”. – објави американски “Џудишл Воч”.

Еминетниот американски магазин “Џудишл Воч” објави 49 страници документи и докази добиени од Стејт департментот на САД во врска со американската агенција за развој и соработка УСАИД за финансирање на левичарски групи под контрола на Џорџ Сорос во Албанија.

Документите ги обелоденуваат врските на највисоките оперативци на Сорос во Албанија, Андри Добруши – директор на Отворено општество Албанија, кој активно бил вклучен во канализирање на пари во, како што вели унгарскиот премиер Виктор Орбан “платеничка армија” на Сорос.

Документите покажуваат проток на пари преку невладини организации за пропагирање на “граѓанско општество”, додека во реалноста се вршеле напади врз традиционални, про-Американски групи, влади и политики.

Од доказите се гледа дека Добруши, првиот оперативец на Сорос во Албанија бил на прво место на поканети гости на тогашниот амбасадор во Албанија Доналд Лу, за присуство на “изборен настан” кој се одржувал во амбасадата на САД на 27 април 2015 година. На настанот било планирано да се “иницира асистенција на САД во јунските локални избори”, во Тирана, Албанија.

Освен документи за Албанија, “Џудишл Воч” исто така вложи и тужбу против Стејт Департментот и УСАИД за докази за финансирање на политички активности за Џорџ Сорос во Македонија, Романија и Колумбија.

“Администрацијата на Обама ги предаде клучните надлежности на Стејт Департментот во рацете на Џорџ Сорос, особено во Албанија и Македонија”. – вели претседателот на “Џудиш Воч”, Том Фитон. 

Целиот извештај можете да го погледнете и симнете од следната интернет страница

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести